Основана 1995 како мала семејна работилница за производство на текстил за домаќинство Донитекс денес прерасна во една од најпознатите компании во овој сектор во Македонија и регионот.
Посветени сме на производство на производи кои ќе ги задоволат желбите на купувачите при тоа водејќи сметка на квалитет, дизајн и професионалност.
Нашите производи се изработени од здрава и хигиенска суровина и се тестирани пред процесот на нашето производство.
Дизајните на нашите производи се работат во соработка со познати дизајнери од ЕУ (Италија, Германија, Холандија). Она по кое се истакнуваат напите производи е дека дизајни изработени специјално и ексклузивно за нас. Спој на европски квалитет и македонска креативност, за задоволни клиенти и беспрекорни производи.
Во процесот на производство имаме имплементирано многу нови технологии и техники кои ни овозможуваат конкурентно, квалитетно и флексибилно производство. Нашиот тим за истражување и развој работи на постојано унапредување во сите фази со креативност, иновативни решенија и употреба на најмодерна техника и технологија.
Постојаноста на квалитетот се должи на високата обученост на вработените, беспрекорната дисциплина и најновите знаења вткаени во производниот и организациски менаџмент.
Особено внимание посветуваме на заштита на животната околина и обезбедување на пријатни и квалитетни услови за работа на вработените.
Целиот наш труд, знаење и енергија се во служба на една цел - Ваш попријатен сон.
Придружете ни се! Ајде да сонуваме заедно!