КАЛИНА КОМФОР

Со оваа колекција Ви го отвораме прозорецот кон максималнот комфор. Кога ја создававме оваа колекција водилката ни беше како да ја доловиме маѓијата на мекоста и топлината. Па така во ппроизводите од оваа колеција е вткаено SOFTERM полнилото, кое сами го изработуваме од 100% "virgin" полиестерско силиконизирано влакно, кое му овозможува топлина, а истовремено леснотија и слободна циркулација на воздух. Палетата на производи од Комфор колекцијата дозволува според потребите да ја подесите висината на Вашата перница како и дебелината на Вашата прекривка, односно да се изберат од две до четири од масимални пет точки на топлина.
Но не запревме со полнилото со кое сме единствени на пазарот, па во оваа колекција ja воведовме и револуционерната TENCEL® ткаениna. Ткаенината која се смета дека отвори сосема ново поглавје во производството на суровини. Таа се произведува од брендирани лиоцелни влакна, односно се извлекува од целулозаните влакна од дрвото, а нејзиното ботаничко потекло ја прави исклучително еколошка. Текстилот произведен од TENCEL® е со поголема апсорбција од памук, помек од свила и поладен од лен. Нашите производи се создадени од од 50% TENCEL® и 50% микрофибер ткаенина што ги прави нежни на допир, лесни за перење и сушење, нема потреба од пеглање, а сепак материјали кои лесно дишат и оддржува ладно во лето, а топло во зима. Долготрајни и со постојани бои. Не предизвикува алергиски реакции.

Производи

© Copyright 2020 - CALINA - All Rights Reserved

We in Social Networks

cross-circle linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram